11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТТОП ВЕСТИ

Економијата на Западен Балкан може да профитира од геополитичките ризици

Руската инвазија на Украина ја предизвика најголемата безбедносна криза во Европа по Втората светска војна, а следствено на тоа и енергетска и прехранбена криза. Институтот ИФИМЕС анализира дека на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана кој се одржа на шести декември беше ветена помош од ЕУ за земјите од Западен Балкан во износ од една милијарда евра за надминување на последиците од енергетската криза.

– ЕУ не нуди решение за украинската криза, не се занимава со причините за украинската криза туку со нејзините последици, кои ја засегаат не само ЕУ, туку и целиот свет. Во целиот свет дојде до нарушување и најголема криза на светскиот поредок на ОН, која настана како резултат на Втората светска војна и која не соодветствува со сегашните времиња и односи во светот. Војната во Украина предизвикува пореметувања во трговијата и инвестициите ширум светот, погодувајќи ги производителите на автомобили во Европа, хотелиерите во туристичките дестинации, увозниците на храна и енергија. Иако сиромашните во светот, кои трошат голем дел од својот приход на потреби, се најранливи, ниту една земја, регион или индустрија не останаа недопрени од овие нарушувања. Војната и санкциите резултираа со прекин на клучната транспортна врска меѓу Русија и Украина и остатокот од светот, нарушувајќи ја светската трговија во поширока смисла. Руските транспортни врски со европските пристаништа се прекинати, а ограничен е и извозот на стоки до други дестинации, пишува во анализата на ИФИМЕС.

Според институтот, истражувањата покажуваат дека компаниите ќе ги преоценат геополитичките ризици и дека ќе има преместување на производството од земјите кои се сметаат за ризични, што донекаде ќе ги преобликува глобалните трговски синџири и светскиот бизнис воопшто. Тоа е и одлична развојна можност за земјите од Западен Балкан.