5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

УАПСЕНИ ВО АФРИКА Црногорските државјани за шверц на 5,6 тони кокаин се осудени на 12 години затвор

Судот во Кејп Верде осуди двајца црногорски и петмина бразилски државјани на по 12 години затвор за шверц на 5,6 тони кокаин, пренесува порталот РТЦГ.

Акцијата за шверц беше откриена во април годинава, кога на бродот „Алкатраз“ во близина на брегот на Западна Африка беа уапсени седум лица.

Засега не е соопштен идентитетот на уапсените, а пресудата е изречена на 9 декември.

Како што објави asemana.publ.cv, судењето заврши во ноември, а обвинетите цело време беа во затвор.

Обвинителството побара 12 години затвор, судот се согласи и му изрече казна.

Дрогата била доставена со рибарски брод од Бразил, а членовите на безбедносните агенции на САД и на островите Зеленортски Острови се качиле и извршиле преглед на бродот, при што заплениле 5.668 килограми кокаин.

Сите седум лица се мажи, на возраст меѓу 32 и 66 години.

Спонзорирано: