22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петковиќ тврди: Косовските специјалци го нападнале Газиводе, искинале српски знамиња

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, објави дека го информирал специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, дека специјалните единици на косовската полиција незаконски извршиле рација во Газиводе.

– Само што го информирав Мирослав Лајчак за вооружениот и незаконски упад на специјалците на Курти Роса во Газиводе! На чуварот му ги одзеле клучевите, искинале српски знамиња. ЕУ мора да го ограничи насилникот и узурпатор Курти од неговите еднострани и вооружени дејствија со кои сака да предизвика војна – напиша Петковиќ на Твитер.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, Северот на Косово се уште е блокиран. Преку ГП Јариње и Брњак не може ниту пеш, ниту со автомобил. Сообраќајот е затворен по главните сообраќајници, а може да се движите само по споредни патишта.

Спонзорирано: