9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Vlada.rs
СВЕТ

Брнабиќ: Она што Курти го доживува како закана се нашите повици за мир

Она што Аљбин Курти го гледа како закана се нашите постојани повици за мир и стабилност, отворен и искрен дијалог, почитување и целосно спроведување на сите договори постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина досега, рече српската премиерка Ана Брнабиќ.

„ Србија е посветена на мирот и стабилноста. Србија ги почитува сите потпишани договори: Договорот од Брисел, Вашингтонскиот договор, но и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и Повелбата на ОН. Вредностите на Курти се Договорот од Брисел не постои; Договорот од Вашингтон е неважечки; Резолуцијата 1244 е воена закана за Приштина. Човековите права и владеењето на правото за него значи негирање на правото на глас на Србите, конфискација на имот и секојдневни закани со брутална сила. Курти вели „Не сакаме конфликт, туку дијалог и мир“, но факт е дека сега сите, дури и неговите најсилни поддржувачи од ЕУ и САД, гледаат за што тој навистина се залага и кои се неговите вредности – тоа не се мир и стабилност. Уште еднаш, и покрај неодговорното однесување на Курти и воинствената политика, повикуваме на смиреност и уште повеќе трпение. Сите протести треба да бидат мирни и демократски. Мораме да го заштитиме најважното нешто за сите, а тоа е мирот. Ќе победи мирот, а не Курти“, напиша Брнабиќ.

Откако е решено прашањето за регистарските таблички, на криминалните банди на северот на Косово им недостасува и најмал изговор за барикади, изјави Курти. Тој посочи дека „во соработка со КФОР работат на брзо и мирно решавање на ситуацијата“.

„ Претседателот и премиерот на Србија се заканија со воена агресија, најавувајќи дека српската армија ќе се врати на наша територија. Ние нема да бараме конфликт, туку дијалог и мир. Но, дозволете ми да бидам јасен: Република Косово ќе се брани – силно и решително“, напиша Курти на Твитер.

Спонзорирано: