12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Западот создава хаос, ризикот од конфликт се зголемува

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „желбата на Западот да ја задржи доминацијата на светската сцена“ е виновна за „зголемениот ризик од потенцијален конфликт“.

– Потенцијалот за конфликти расте. Ова е директна последица на обидите на западните елити да ја зачуваат својата политичка, финансиска, воена и идеолошка доминација со сите можни средства – рече Путин во видео пораката на самитот на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка и групата на поранешни советски земји.

– Намерно го множат хаосот и подигаат тензии на меѓународно ниво – рече Путин и го обвини Западот за „експлоатација на Украина“ и „користење на Украинците како топовско месо“.

Путин постојано ја карактеризира војната во Украина – која Москва секогаш ја нарекува „специјална воена операција“ – како конфликт меѓу Русија и Западот и ги критикуваше земјите кои обезбедуваат воена и финансиска помош за Украина. Киев, европските земји и Вашингтон велат дека Москва се обидува, под превезот на грижа за сопствената безбедност, да освои големи делови од Украина и да го собори нејзиниот претседател Володимир Зеленски преку цинична агресија против проевропска соседна земја.

Спонзорирано: