24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сијарто: Бугарија и Романија заслужија да влезат во шенген

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто рече дека на Романија и на Бугарија требало да им биде дозволено да се приклучат на шенген-зоната бидејќи тие работат напорно за да ги заштитат своите граници и направиле многу за да ја спречат илегалната миграција.

Во објава на Фејсбук, Сијарто напиша дека Хрватска доби статус на шенген-земја, додека Романија и Бугарија беа одбиени иако го заслужија тој статус.

Како што напиша тој, одбивањето е последица на ветата што ги ставија Австрија и Холандија, додека „сите други ги поддржаа“ Бугарија и Романија да влезат во шенген.