20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Севернокорејската армија истрела предупредувачки гранати во морето во зоната на разграничување

Артилериските единици на армијата на Северна Кореја втор ден по ред добија наредба за изведување вежби за гаѓање со боеви глави во морето, како одговор на вежбите на армијата на Јужна Кореја во регионот Чеорвон во близина на линијата за демаркација, соопшти Генералштабот на армијата на Северна Кореја.

Во соопштението на Генералштабот се наведува дека денешниот планиран артилериски оган бил наменет како предупредување за јужнокорејските сили, откако Пјонгјанг открил дека војската под контрола на Сеул изведува артилериски вежби.

Ова е првпат Северна Кореја да спроведува артилериски вежби од 3 ноември, кога истрела околу 80 артилериски гранати на територијата на демилитаризираната поморска зона во близина на нејзиниот источен брег.

Војската на Јужна Кореја спроведува вежби со боеви гаѓања кои вклучуваат тестирање на повеќе ракетни системи и хаубици на два одвоени полигони во регионот Чеорвон, во близина на линијата за демаркација, кои започнаа вчера и ќе продолжат три дена.