19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Би било катастрофа за Србија ако Вучиќ не присуствува на самитот за Западен Балкан

Албанскиот премиер Еди Рама изрази уверување дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува на самитот Европска Унија – Западен Балкан што ќе се одржи во Тирана на 6 декември.

Рама на онлајн прес-конференција оцени дека Вучиќ нема друг избор и додаде дека во спротивно би било катастрофа за Србија, пренесува „Коха“.

„Србија ќе биде на самитот и претседателот на Србија нема друг избор освен да дојде на самитот. Ова го кажувам со убедување. Спротивното би било катастрофа за Србија и за него, се разбира“, изјави Рама.

Тој смета дека самитот во Тирана е историски затоа што за прв пат се одржува во земја која не е членка на ЕУ.

Спонзорирано: