22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Британскиот министер: Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на војската пред да почне со нова серија напади, предупреди британскиот министер за надворешни работи. Џејмс Клеверли во интервју за „Телеграф“.

„Постои ризик дека Путин навистина само сака да го користи прекинот на огнот за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција и да ги обнови своите оштетени вооружени сили и да ги превооружи“, вели Клеверли.

Предупредувањето на британскиот министер доаѓа откако американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека би бил подготвен да разговара со Путин доколку навистина сака да стави крај на војната, нешто што досега не се случило. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ќе продолжи да разговара со Путин за да се обиде да спречи понатамошна ескалација и да ја осигура безбедноста на нуклеарните централи.

Сепак, Клеверли, кој беше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт оваа недела, се запраша дали Путин навистина ќе се ангажира со добра волја.

„Поентата е дека треба да бидеме многу, многу внимателни ако мировните преговори, а јас го користам зборот мир во наводници, бидат иницирани од Владимир Путин“, рече Клеверли.

Тој додаде дека ако Русите користат каква било пауза во борбите како покритие за повторно вооружување, може да се појават дополнителни проблеми.

„Тогаш ќе се случи повторно да ги видиме сцените на нови напади, но можеби за околу 12 до 18 месеци“, рече тој.

Спонзорирано: