13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Невозможни услови на Бајден за преговори со Русија

Американскиот претседател Џо Бајден, всушност, изјави дека преговорите со Руската Федерација се можни само кога Русија ќе ја напушти Украина, но тоа е невозможно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Откако Бајден претходно изјави дека не планира контакти со Путин во блиска иднина, но дека дозволува таква можност доколку рускиот претседател „покаже интерес“ за прекин на конфликтот во Украина, тој оцени дека Бајден, всушност, рекол дека преговорите се можни само ако после тоа, Путин ја напушти Украина, пренесува „РИА новости“.

Песков посочи дека Кремљ не е подготвен за тоа и додаде дека „специјалната воена операција продолжува“, пренесе „Танјуг“.

Спонзорирано: