20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Шпанија откриена трета бомба за два дена, била скриена во пакет, а испратена во базата на шпанската авијација

Трета експлозивна направа за два дена скриена во пакет била испратена во базата на шпанската авијација во Торехон де Ардос во близина на Мадрид, главниот град на Шпанија.

Вчера, како што потсетуваат тамошните медиуми, во таа земја беа откриени две писма бомби.

Едното било испратено во украинската амбасада во Мадрид, а другото во компанија што произведува оружје на северот на земјата, соопшти шпанската полиција.

Првата бомба експлодирала и му нанела полесни повреди на вработен во Амбасадата, пишуваат медиумите.

Доцна синоќа полицијата потврди дека истражува можна поврзаност помеѓу двете писма бомби испратени до амбасадорот на Украина во Мадрид и шпанската компанија за оружје, која произведува ракетни фрлачи и ги донира на Киев.

По инцидентот во Амбасадата, Киев нареди зголемени безбедносни мерки во сите свои претставништва во странство.

Спонзорирано: