17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

(ФОТО) OД НЕГО СЕ ОЧЕКУВАШЕ ДА ДОНЕСЕ МИР: Вчера се сретна со претставник на папата, а денеска ненадејно почина министерот за надворешни работи на Белорусија

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј почина ненадејно на 64 годишна возраст.

Веста ја потврдиле од ресорното министерство. Макеј беше на должноста од 2012 година.

Во понеделник Макеј требало да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров.

Претседателот на Белорусија, Александр Лукашенко изразил сочувство. Со реакција се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Шокирани сме од веста за смртта на шефот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеј, напишала Захарова на Телеграм додавајќи дека „наскоро ќе биде објавено и официјално сочувство.“

Според зборовите на политичките аналитичари, тој имал за цел еден ден, наводно, да го замени Лукашенко како претседател на Белорусија.

Макеи беше обучен во советската ГРУ, воената разузнавачка агенција, а имаше и добра репутација и рејтинг меѓу белорускиот народ.

ВЧЕРА СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИК НА ПАПАТА

Министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеи, на 25 ноември 2022 година се сретна со апостолскиот нунциј, архиепископот Анте Јозиќ. Главните теми на разговорот беа 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Белорусија и Светата столица, интеракцијата на Ватикан и Минск, како и моменталната позиција на Римокатоличката црква во Република Белорусија.

По дискусијата, страните ја потврдија желбата за зајакнување на меѓуверскиот дијалог, интензивирање на соработката на различни полиња за да се постигне понатамошна позитивна динамика на интеракција, се вели во соопштението.