17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТ

Шестгодишно дете преживеало два дена под урнатините во Индонезија

Шестгодишно момче беше спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава, Индонезија, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави пожарникар вклучен во спасувањето.

Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур, околу 40 часа по земјотресот, изјави пожарникарот Аман Ријанто.

„Сè уште дишеше. Фала му на Бога што беше жив и веднаш доби лекарска помош“, рече тој.

Меѓу загинатите во земјотресот има многу деца кои по часовите посетувале веронаука, рекоа властите.

Според Националната агенција за управување со катастрофи, околу 150 лица во Цианџур сè уште се водат како исчезнати. Повеќе од илјада луѓе се повредени. Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето кое затрупа куќи и луѓе. Повеќе од 2.300 згради и домови беа оштетени во земјотресот.