14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сунак најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 50 милиони фунти

Британскиот премиер Риши Сунак (Риши) во саботата најави дополнителен пакет помош за Украина, кој вклучува систем за воздушна одбрана во вредност од 50 милиони фунти.

Сунак дојде во ненадејна посета на Киев во саботата за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што е негова прва посета на земјата откако ја презеде функцијата премиер минатиот месец.

– Денеска обезбедуваме нова противвоздушна одбрана, вклучително и противвоздушни пушки, радари и опрема против беспилотни летала, а ја зголемуваме хуманитарната поддршка за студената, тешка зима што претстои – рече Сунак, според соопштението.

Пакетот вклучува 125 противвоздушни пушки и анти-дронови технологија, вклучувајќи десетици радари и можности за електронско војување против беспилотни летала. Британското Министерство за одбрана неодамна објави дека повеќе од 1.000 нови противвоздушни ракети ќе бидат испратени во Украина.

ОК, исто така, испраќа стручни воени медицински лица и инженери во регионот за да ги подобрат способностите на вооружените сили на Украина.