10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ИПАРД – одлична можност за развој на агросекторот, нови работни места и зголемен извоз

Приказната за фондот ИПАРД за нашата држава, се движи од плаќање пенали и враќање на милиони евра пред десетина години, до лидери во регионот во искористеност на средствата.

Последната година имаме 90% реализација на средствата од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2.335 договори. Европската комисија токму затоа веќе ја усвои и новата финансиска програма за Северна Македонија, која во споредба со ИПАРД 2 е зголемена за 62%, односно со новата ИПАРД 3 програма имаме на располагање 210 милиони евра средства за инвестиции во наредните 7 години.

-Земјоделството денес е еден сектор кој сè повеќе е актуелен за инвестиции и сè повеќе луѓе се одлучуваат да влезат во него и вршејќи земјоделска дејност. Тоа нè охрабрува и како Министерство сме отворени за сите такви инвестиции, кои имаат функција да го развијат и модернизираат македонското земјоделство- изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Ова на терен практично изгледа вака:

Пред 2 години започна стартот на новиот земјоделско- сточарски комплекс „Голд Ланд“ во прилепско. Ова е најнова инвестиција на групацијата „Везешари“.

,,Со проектираниот модел на Голд Ланд, е предвидено изградба на центар за откуп и складирање на зрнести култури. Оваа инвестиција не е насочена само кон задоволување на потребите на нашата компанија, туку е предвидено да прерасне во регионален центар, со што ќе овозможиме загарантиран пласман на земјоделците од регионот.”- изјави тогаш сопственикот на ,,Везешари” Арбен Абдурахмани.

Оваа инвестиција преку Мерка 1 е најголемата ИПАРД инвестиција. Ова е многу суштествен инвестициски објект што ќе се гради за развој на гоење на говеда и на сточарството воопшто во државата, која во голема мерка говедското месо го обезбедува со увоз. Значајно е дека ќе се отворат нови работни места и ќе има конечно производство на говедско месо дома, на домашниот пазар.

ИПАРД е реалност која ја живеат нашите агробизнисмени и земјоделски производители. Примерот со компанијата „Голд Ланд“ е доказ за успешност и мотивација за останатите агробизнисмени кои размислуваат да инвестираат во земјоделскиот сектор. Поддршката на државата со 60% повраток на инвестицијата не треба да се пропушта од нивна страна, а исто така тоа е добро и за целото стопанство – зголемување на домашното производство на храна, нови работни места, зголемен извоз, влез на девизи во државата, намалување на трговскиот дефицит.

Ваквите огромни инвестиции се тимска работа на инвеститорите и администрацијата кои беа на висина на задачата откако започна инвестицијата. Тоа вреди да се потенцира бидејќи искористеноста на средствата е резултат на подготвените апликанти и ажурната администрација која ги следи во нивните инвестиции.

Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна
Македонија се очекуваат многубројни придобивки како на пример:

– подобрување на стандардот на земјоделците,

– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,

-зголемување на вработеноста во руралните средини,

-подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.

извор: Agrotim.mk

Спонзорирано: