14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Драма во Сараево: Погледнете како граѓаните трчаа по крадците кои го украдоа мобилниот на девојчето, фатија еден

Драматична сцена е снимена во улица во Сараево. Двајца млади момчиња украле мобилен телефон од девојка во центарот на градот, а потоа граѓаните трчале по крадците.

Еден од нив го фатиле, додека другиот побегнал. Иако често се случува граѓаните да не реагираат, да дозволат којзнае што да се случи покрај нив, но овој пат реагираа неколку храбри сараевчани и фатија еден од крадците. Трчаа по него се до Мариндвор.

Веднаш била повикана полиција, пренесува Репорт. Погледнете како тоа изгледаше.