18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ЕК предлага 18 милијарди евра помош за Украина во форма на поволни заеми

Европската комисија предложи нов пакет макроекономска помош за Украина во вредност од 18 милијарди евра поволни заеми за следната 2023 година.

Комисијата треба да ги обезбеди овие средства со задолжување на финансиските пазари. Помошта ќе биде во форма на многу поволни заеми, Комисијата ќе ја субвенционира каматата, рокот на доспевање е до 35 години, а главницата би се враќала дури по 2033 година, според написите во медиумите.

„Комисијата следната година ќе и плаќа на Украина по 1,5 милијарди евра секој месец. За возврат, Украина треба да се обврзе да го почитува владеењето на правото и демократските институции.

Тие суми треба да покријат добар дел од краткорочните финансиски потреби на Украина, кои локалните власти и Меѓународниот монетарен фонд ги проценуваат на 3 до 4 милијарди евра месечно.

Комисијата досега исплатила 4,2 милијарди евра макроекономска помош за Украина, а до крајот на овој месец ќе исплати уште 2,5 милијарди евра.

Благодарение на предложената помош од 18 милијарди евра, која сè уште треба да биде поддржана од Советот и Европскиот парламент, Украина ќе може да исплаќа плати и пензии, да обезбеди функционирање на основните јавни услуги, училишта, болници и домување за раселените лица. Тоа ќе помогне и во одржувањето на макроекономската стабилност, во обновувањето на критичната инфраструктура која беше уништена во руската агресија, како што се енергетската инфраструктура, водоснабдувањето, транспортните мрежи“ наведува Комисијата.