Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се стави крај на криминалот

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при неговата денешна посета во Зелениково укажа дека се потребни што побрзо предвремени парламентарни избори во држава затоа што секое друго решение ќе значи продолжување на агонијата, повеќе криминал и корупција, послабо здравство, поголема катастрофа во образованието, послаба економија, повисока инфлација од страна владејачката коалиција.

-Па затоа што секое друго решение значи продолжување на агонијата, затоа што секое друго решение значи дека немаме план, затоа што секое друго решение значи повеќе криминал, повеќе корупција, послабо здравство, поголема катастрофа во образованието, послаба економија, повисока инфлација и затоа ние велиме потребни се предвремени избори за да престане Македонија и граѓаните да губат, за да може Македонија и граѓаните да почнат да добиваат. И затоа велиме ајде на брзи предвремени парламентарни избори да ја спасиме од агонија нашата Македонија. Тоа е суштината, затоа бараме предвремени парламентарни избори, не постои ниту една друга причина оваа влада, оваа коалиција да остане бидејќи гледаме дека сме најлоши во Европа. Најлоши сме во Европа имајќи предвид дека сме најлоши, јас само можам да кажам дека ако тие продолжат и понатаму го поминат секој ден повеќе во просториите каде што се наоѓаат толку полошо ќе биде и за граѓаните и за цела држава, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Набавени се 100 нови возила за Македонска пошта – еве како изгледаат (ФОТО)

ДЕСК

Мицкоски: Очекувам СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата

ДЕСК

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

ДЕСК