18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трка за претставничкиот дом во САД: Републиканците водат со 190-167

Во трката за Претставничкиот дом, републиканците се многу блиску до победа.

Според првичните податоци до досега преброените гласови, републиканците бележеа предност пред демократите – 190 со 167 пратенички места, а за мнозинство се потребни 218 од вкупно 435.

За разлика од Сенатот, каде трката се уште е тесна – 46 за двете партии од вкупно 100, во Претставничкиот дом има промени во однос на претходните избори. Досега демократите успеаја да освојат две места кои претходно ги имаа републиканците, додека републиканците освоија дури седум места кои претходно ги имаа демократите.

Републиканците „добија“ места во Претставничкиот дом во Флорида, Џорџија и Вирџинија.

Интересен пораз се случи во Вирџинија, каде, според проекциите на Си-Ен-Ен, Елејн Лурија, членка на комисијата што ги истражува смртоносните немири во Капитол на 6 јануари 2021 година, го загуби своето место во Претставничкиот дом.