13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Москва: Русија и САД не зборуваат за Украина

Рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека Русија не води разговори со САД за Украина.

– Не, не разговаравме, кратко изјави Руденко, одговарајќи на прашање на новинар на ТАСС.

Руденко посочи дека Русија не поставува никакви предуслови за мировни преговори со Украина, но нагласи дека Киев мора да покаже добра волја за овој процес.

Од наша страна нема никакви предуслови освен главниот: Украина да покаже добра волја, изјави Руденко.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија додаде дека Русија секогаш покажувала подготвеност да води преговори.

– Украина усвои закон со кој и се забранува мировни преговори со Русија. Тоа е нивен избор. Секогаш сме изјавувале дека сме подготвени за такви разговори, не ги условувавме, заврши Руденко.

Спонзорирано: