16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Не сме подготвени да ја пуштиме Шведска во НАТО

И покрај позитивните чекори кон исполнување на барањата на Турција за солидарност во борбата против тероризмот, Анкара сè уште не е подготвена да го прифати Стокхолм во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Неговата влада сè уште треба да ја увери загрижената турска јавност дека солидарноста во НАТО е обезбедена во пресрет на изборите в година“, рече денеска Ердоган на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Анкара.

„Верувам дека мојот драг пријател Кристерсон ќе ме разбере во овој момент“, рече Ердоган додавајќи дека Турција сè уште очекува конкретни потези од Шведска, вклучително и екстрадиција на некои осомничени, кои Анкара ги смета за терористи.

Ердоган, меѓу осомничените за кои бара екстрадиција, го именуваше и исламскиот политички лидер Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. Турција таа група ја класифицира како терористичка.

Спонзорирано: