13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две лица загинаа, а 11 се повредени на рели во Белгија

Двајца тинејџери загинаа во текот на рели во Кондро-Хуј во близина на градот Ванзе, кога едено возило излетало од патот и удрил во група гледачи. Несреќата се случила кога „Škoda Fabia R5“, во која биле Емерик Рари и Фабрис Анри, излетал од патеката и влетал во група гледачи. Во несреќата загинаа 16.годишно девојче и 18. годишно момче, а повредени се уште 11 лица.

Никој од повредените не е во критична состојба. Возачот и сопатникот исто така се пренесени во болница, но не се сериозно повредени и допрва треба да бидат сослушани во полиција. Обвинителството ги истражува околностите на несреќата.

„Возилото допрва треба да биде прегледано, но се претпоставува дека до несреќата дошло поради лошите временски услови и лизгавата површина. Автомобилот удри во ѕид, слета на страна и потоа удри во група гледачи, кои се наоѓаа во забранетата зона“, соопштија организаторите.

Обвинителот, пак, посочува дека засега не е јасно дали загинатите биле во зоната која била забранета за гледачи.

„Автомобилот застана во дворот на соседот“, изјави еден од сведоците за белгиската телевизија.

Ова не е прва фатална несреќа за време на митингот Кондрожа. Пред четири години, 52.годишниот совозач, Рик Ванлесен, загина кога автомобилот излета од патеката.

Белгиските медиуми јавуваат дека во 2011 година двајца гледачи загинале кога автомобил удрил во мост, по што „дожд“ од тешки камења завршил во публиката, при што загинале две лица. Пред 19 години на митингот загина и 14.годишно момче.

Спонзорирано: