Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Тетово, пронајден пиштол и муниција, приведено едно лице

На 05.11.2022 во 20.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово. Имено, по претходна судска наредба бил извршен претрес во домот на Л.К.(31) и Б.К.(33), двајцата од Тетово, во угостителски објект кој работел во состав на куќата, полициските службеници кај К.К.(32) од Тетово пронашле пиштол „хеклер“ калибар 9×19 мм со рамка со 10 куршуми калибар 9 мм, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК