22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Александар Вучиќ вечерва и се обрати на јавноста за ситуацијата на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во 21 часот ќе и се обрати на нацијата во врска со кризата во Косово. Вучиќ ќе гостува во емисијата „Хит твит“ на телевизија Пинк.

Да потсетиме, претставниците на Србите на Косово најавија дека се повлекуваат од Собранието, Владата и сите институции на Косово, како и дека го суспендираат учеството во полицијата и судството.

Полицајците вчера ги соблекле униформите. Како што наведуваат, решенијата остануваат во сила додека, како што велат, Косово не ги повлече одлуките за регистрација на регистарските таблички и не формира заедница на српски општини.