22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голем пожар на Менхетен, најмалку 38 повредени

Најмалку 38 лица се повредени во голем пожар во облакодер во Менхетен, Њујорк. Пожарот избувнал доцна синоќа на дваесеттиот кат од облакодерот, пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на официјални лица.

-Повредени се 38 лица, од кои двајца се во критична состојба, а пет во тешка состојба, додека останатите се здобиле со полесни повреди – соопштија пожарникарите.

Официјални лица велат дека пожарот бил предизвикан од литиум-јонска батерија во електричен велосипед. Тие веруваат дека еден жител поправал велосипеди, најверојатно како дел од неовластена деловна активност