25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп најави можна нова претседателска кандидатура

На собирот на неговите приврзаници во американската држава Ајова, поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави можна трета кампања за Белата куќа.

„За да ја направиме нашата земја успешна, безбедна и славна повторно, веројатно ќе морам да го направам тоа повторно. Подгответе се, тоа е сè што можам да ви кажам“, рече Трамп.

Ако тој стане републикански фаворит за номинација, тоа би можело да ги исфрли од трката потенцијалните партиски ривали, рекоа неговите советници, додавајќи дека сепак е можно поранешниот американски претседател да ја одложи таквата одлука или да го промени своето мислење.