14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Казахстан запленет накит вреден 230 милиони долари, во случајот вмешан и внукот на поранешниот претседател

Казахстанската антикорупциска агенција во средата извести за заплена на дијаманти и накит во вредност од повеќе од 230 милиони долари, како дел од аферата во која е вмешан внукот на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев.

„За време на операцијата за пребарување во странство, запленети се дијаманти и накит во вредност од над 230 милиони долари и вратени на државата“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Накитот е запленет како дел од новата истрага против претприемачот Каират Сатибалди – внук на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој беше на власт 30 години, до 2019 година – додава агенцијата за борба против корупцијата.

Сатибалди, уапсен во март и обвинет за злоупотреба на пари од Казахстантелеком – државниот телекомуникациски оператор – и за „други кривични дела на штета на државната безбедност“, е првиот член на семејството Назарбаев кој е уапсен. Во септември тој беше осуден на шест години затвор, пишува медиумот.

Според антикорупциската агенција, „300-те милиони долари што Сатибалди ги инвестирал во странски обврзници ќе бидат уплатени во буџетот на Казахстан“, голема централноазиска земја богата со нафта и гас.