26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон: Франција ќе ѝ помогне на Украина да ја преброди зимата

Францускиот претседател Емануел Макрон по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Франција ќе ѝ помогне на Украина да ја надмине зимата, како и да ја поправи енергетската и водна инфраструктура оштетена од руските напади.

Франција исто така најави дека ќе учествува во зајакнувањето на украинската противвоздушна одбрана.

Макрон и Зеленски се договорија да одржат меѓународна конференција во Париз на 13 декември за да им помогнат на украинските цивили во текот на зимата.

Францускиот лидер нагласи дека целта на билатералната конференција закажана за 12 декември ќе биде уште поголема поддршка на француските компании за Украина, пренесува медиумот.