17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус експлодирал во Кабул: Седум лица се повредени

Во Кабул, главниот град на Авганистан, утрово експлодирал автобус во кој се превезувале вработени во администрацијата на Талибанците, при што се повредени седум лица.

„Поради експлозијата во минибусот на Министерството за рурална обнова и развој, седум се повредени“, изјави портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, додавајќи дека експлозијата била предизвикана од мина покрај патот.

Засега не се знае кој стои зад експлозијата, наведува британската агенција.

Неколку напади со жртви се случија во Авганистан во последните месеци, при што терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за многу од нив.

Спонзорирано: