23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Уште една европска земја од денеска го подига нивото на воена подготвеност: „Сериозно е“

Почнувајќи од денеска, 1 ноември, Норвешка ќе ја стави армијата во готовност поради војната во Украина, изјави денеска норвешкиот премиер.

Земјата сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу една четвртина од европскиот увоз по намалувањето на протокот на руски гас.

„Ова е најсериозната безбедносна ситуација во последните неколку децении“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.

„Нема индикации дека Русија ја шири својата војна во други земји, но поради зголемените тензии, ние сме повеќе изложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание“, рече тој.

Норвешка распореди војска за да ги чува своите офшор платформи и објекти на копно по нападот на Северен тек на 26 септември и доби поддршка од британската, француската и германската морнарица.