17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Мобилизацијата заврши

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска соопшти дека на Москва не ѝ е потребен посебен претседателски декрет за прекин на делумната мобилизација.

„По најавата на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, дека делумната мобилизација е завршена, мораме да кажеме дека нема потреба од декрет. Делумната мобилизација е завршена. Точка“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ додаде дека Шојгу испратил наредба до релевантните службеници за регрутирање да ја прекинат кампањата и да престанат да испраќаат покани.

На прашањето дали е можно повторно да се користи претседателскиот указ доколку е потребно да се мобилизираат дополнителен број војници, Песков одговори дека се регрутирани 300.000 луѓе и дека се исполнети одредбите од указот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 21 септември потпиша указ за делумна мобилизација.