17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ЕУ би можела да воведе нови санкции за Белорусија: „Русија мора да биде сè поизолирана“

Чешкиот премиер Петр Фијала, чија земја во моментот претседава со Европската Унија, по враќањето од Киев, изјави дека ЕУ може да ја санкционира и Белорусија, сојузникот на Русија, поради нејзината улога во конфликтот во Украина.

Белорусија вели дека не сака директно да се вклучи во војната, но дозволува руски војници да бидат стационирани на нејзина територија, која Русија ја користеше како задна база за нејзината инвазија на Украина кон крајот на февруари.

„Сега ги испитуваме (…) улогата на Белорусија и потенцијалната потреба таа да стане цел на санкции“,, изјави Петр Фијала пред новинарите по враќањето од Киев, каде што вчера беше со министрите на разговори со украинските колеги.

„Русија мора да биде сè повеќе и повеќе изолирана. Знаеме дека санкциите функционираат, тоа го гледаме од многу податоци и без сомнение мора да продолжиме. Мораме да разбереме дека нападите врз Украина се извршени од белорускиот воздушен простор и дека Белорусија ја снабдува Русија со оружје“, изјави чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски.

Чешката влада претходно објави дека на 31 октомври во Киев ќе се одржи заеднички состанок со украинската влада.

„Некои санкции против Белорусија се веќе во сила, но не можеме да прифатиме дека Белорусија ја поддржува руската политика или дека Русија го заобиколува ефектот на санкциите преку земји како Белорусија“, додаде Фијала.

ЕУ воведе осум пакети санкции, главно насочени кон руската индустрија и поединци, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.