17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Падна хеликоптер во Норвешка, има загинати

Хеликоптер се урна во централна Норвешка, при што загинаа две лица, а едно е тешко повредено.

Норвешките медиуми јавуваат дека хеликоптерот се урнал во близина на градот Вердал и дека несреќата, најверојатно, била предизвикана од густа магла. Пилотот неколкупати се обидел да слета, но безуспешно.

Истрагата за причините за падот на хеликоптерот е во тек.