10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Загина Палестинец кој наводно со возило се обидел да прегази израелски војници

Во Ерихон на окупираниот Западен Брег, загина Палестинец кој наводно се обидел да прегази израелски војници со возило.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека напаѓач во близина на градот Ерихон се обидел да прегази израелски војници прво на автобуската постојка на локацијата Наби Муса, а потоа и на раскрсницата Ал-Мав.

Во соопштението се наведува дека војници и израелски цивили отвориле оган и го убиле споменатото лице. Израелската служба за итни случаи соопшти дека во инцидентот, кога Палестинец, наводно, се обидел да прегази израелски војници со возило, се повредени пет лица, од кои двајца со средни и тројца со полесни повреди.

Според израелските медиуми, осомничениот бил идентификуван како 49-годишен палестинец, жител на областа Ајзерија во окупираниот Источен Ал-Кудс/Ерусалим.