14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велика Британија се огласи по руските обвинувања дека таа го разнела гасоводот Северен тек

Велика Британија ги отфрли обвинувањата на Русија дека членовите на британската морнарица минатиот месец го разнеле гасоводот „Северен тек“.

„ За да го минимизира катастрофалниот начин на кој се справува со нелегалната инвазија на Украина, руското Министерство за одбрана прибегнува кон лажни тврдења од епски размери“, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана.

„ Оваа најнова измислена приказна кажува повеќе за аргументите во руската влада отколку за Западот“ додаде портпаролот.

Руското министерство за одбрана своето тврдење не го поткрепи со докази.

„ Според достапните информации, припадници на единицата на британската морнарица учествувале во планирањето, подготовката и извршувањето на терористичкиот напад во Балтичкото Море на 26 септември оваа година – минирање на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2“, соопшти руското министерство.

Спонзорирано: