22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Повеќето од загинатите во Сеул се тинејџери, тие се бореле за воздух додека паѓале едни врз други

Најмалку 151 лице загина, а 82 се повредени во најсмртоносното човечко стампедо досега во Јужна Кореја, за време на прославата на фестивалот на Ноќта на вештерките, соопштија денеска властите во земјата.

Трагедијата се случи синоќа кога во еден момент неколку стотини луѓе се нашле на удолница, во тесна уличка широка само четири метри, од каде не можеле да се засолнат ниту да побегнат, па почнале да паѓаат еден врз друг, јави агенцијата Јонап.

Стампедото настанало кога луѓето почнале да се превртуваат како „домино“ и панично да се натрупуваат еден врз друг поради гужвата, поради што многумина не можеле да добијат воздух, велат очевидци.

Големата гужва им отежна на спасувачите и на полицијата да дојдат до настраданите. Јужнокорејските власти досега добиле повеќе од 2.600 пријави за исчезнати лица. Меѓу жртвите има 19 странци, државјани на Кина, Иран, Норвешка и Узбекистан.

Претседателот на државата Јун Сук-јол прогласи национална жалост и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Ова е најголемата трагедија во Јужна Кореја од 2014 година, кога се преврте траект во 2014 година, кога се удавија 304 луѓе, главно средношколци.

Спонзорирано: