26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 90 загинати во уривање на висечки мост во Индија

Најмалку 90 луѓе загинаа, а стотици паднаа во река кога висечки мост се урна во неделата во западната индиска држава Гуџарат.

Несреќата се случила во областа Морби кога мостот, изграден за време на британското владеење во 19 век, се урнал во реката само неколку дена откако таа била повторно отворена по реновирањето.

Локалната телевизија NDTV јави дека во моментот на несреќата на мостот имало околу 500 луѓе. Телевизиските снимки покажаа дека десетици луѓе се држат до каблите на урнатиот мост додека екипите за итни случаи се обидуваа да ги спасат.

Локалната администрација објави дека државната влада ги забрзала спасувачките операции и дека индиската армија исто така се приклучила на операцијата за помош.

Локалниот парламентарец Моханбхаи Калјанџи Кундарија за АА изјави дека во овој момент е тешко да се потврди бројот на исчезнати и дека спасувачките операции се во тек.

Министерот за внатрешни работи Амит Шах рече дека локалната администрација е во целосна готовност и дека на местото на настанот се испратени членови на Националните сили за одговор при катастрофи.

Индискиот премиер Нарендра Моди побара итна мобилизација на тимови за спасувачки операции и нареди ситуацијата да се следи внимателно и континуирано и да се обезбеди секаква можна помош за повредените.