23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад во трговски центар во Милано, има повредени а меѓу нив и познат фудбалер

Во Италија, недалеку од Милано, вечерва се случи напад, пренесува „Corriere della sera“.

Напаѓачот зел нож од продавница во трговскиот центар Миланофиори во Асаго и почнал по случаен избор да ги боде жртвите.

Повредени се четири лица, од кои некои се во тешка состојба, јавува медиумот.

Според написите, меѓу повредените е и Пабло Мари (29), шпанскиот дефанзивец на прволигашот Монца, позајмен од Арсенал.

Напаѓачот, 46-годишен маж со италијанско потекло, бил спречен од карабинерите.

Засега не се познати причините за нападот. Не е јасно дали имало расправија пред инцидентот или се работи за човек со психички нарушувања.

Засега е исклучена каква било поврзаност со тероризам, пренесуваат италијанските медиуми.