12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Западот има два избора, оваа игра е опасна, смртоносна и валкана

Рускиот претседател Владимир Путин обраќајќи се на форум на тема: светот по хегемонијата – правда и безбедност за сите, истакна дека денешните власти во светот сакаат да живеат без никакви правила. Настаните во светот продолжуваат да се развиваат според негативно сценарио, прераснувајќи во системска криза во различни сфери, рече Путин, коментирајќи ја ситуацијата во светот.

Тој говорот го започна со зборовите дека на Запад „нема единство“, пренесуваат светските медиуми.

„Тие ја поттикнуваат војната во Украина, водат до ескалација на провокациите околу Тајван, ги дестабилизираат светските пазари за храна и енергија. Што се однесува до последното, не беше намерно, не се сомневаме во тоа, тоа беше поради системски грешки“, рече Путин.

„Оваа игра е опасна, смртоносна, валкана“, изјави Путин за, како што ја нарече, играта на Западот.

„Оние кои ги поставуваат правилата мислат дека другите немаат право на свој единствен пат. Би сакал да потсетам на рускиот предлог до нашите западни партнери. Тој беше турнат настрана. Човештвото има два избора: или ќе продолжиме со проблемите што ги оптоваруваат сите или ќе работиме заедно. Верувам во здравиот разум, секогаш сум за тоа“, рече Путин и го повика Западот да работи на заедничка иднина со Русија.

Путин истакна дека климатските промени повеќе не се на насловните страници. Но, тоа како што дополни останува проблем. Рускиот лидер, исто така, го обвини Западот дека инсистира на прифаќање на новите вредности „безусловно“ и дека е „заслепен од колонијализмот“.

Во неговиот говор, според написите, тој повторно го критикуваше Западот.

„Нацистите палеа книги. Западните прогресивци ги забрануваат Достоевски и Чајковски. Тоа уништува се што е креативно“, рече Путин.

Изрази надеж дека историјата ќе исправи сè. Тој додаде дека историјата нема да ги поништи големите историски личности, туку оние кои тоа го прават денес.

„Тие луѓе имаат високо мислење за себе. Никој нема да ги памети за неколку години. Но сите ќе го паметат Достоевски засекогаш“, рече Путин.

Спонзорирано: