11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Новите предизвици се сериозни и значајни

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека земјата треба да го забрза донесувањето одлуки во врска со воената кампања во Украина.

Говорејќи на првиот состанок на новиот координативен совет за управување со работата на владата на внатрешниот план, Путин рече дека е неопходна засилена координација на владините структури и региони, пренесе „Ројтерс“.

Зборувајќи за безбедноста во Русија, тој истакна дека новите предизвици се сериозни и значајни и ги повика членовите на координативниот совет да ја приспособат значајната работа во новиот формат, пренесува „РИА новости“.

„Сега има нови предизвици. Тие се сериозни, значајни. Ова, повторувам, важи и за активностите на агенциите за спроведување на законот, блокот на сили, Министерството за одбрана. Но, исто така важи и за целата цивилна компонента“, рече Путин.

Тој побара од сите да се вклучат во значајната работа во новиот формат.

„Доколку работиме во рамките на стандардните бирократски процедури, се криеме зад формалности, нема да го добиеме посакуваниот резултат во ниту еден правец. А токму за да се реши сѐ побргу и поефикасно, создадовме механизам како што е координативниот совет“, додаде Путин.