31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: „Турски тек“ има голем потенцијал за проширување

Гасоводот „Турски тек“ има голем потенцијал за проширување доколку е потребно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Турција во моментот е една од земјите на кои Русија ѝ испорачува најголемо количество гас и поседува еден од најголемите гасоводни системи ‘Турски тек’, кој има голем потенцијал за проширување доколку е потребно“.

Портпаролот на Кремљ изјави дека прашањата поврзани со снабдувањето со гас се на агендата на контактите на највисоко и работно ниво меѓу Москва и Анкара.

Тие контакти вклучуваат разни формати на соработка, кои бараат континуирана комуникација, посочи Песков.

Според него, позицијата на Турција се разликува од заедничката позиција на Западот и таа ја задржува позицијата на посредник, а сепак ги одржува трговските и економските врски со Русија бидејќи таа не воведе санкции кон Москва.