25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Воени авиони летаа над Дубровник, вознемирени граѓани излегоа на своите балкони

Неколку воени авиони во низок лет го прелетаа Дубровник вечерва околу 20:40 часот. Наводно, станува збор за осум американски воени авиони, пишува Dubrovnik Daily.

Според дубровничкиот весник, се слушнал силен продорен звук кој ги натерал граѓаните да излезат на балконите. Авионите потоа слетале на аеродромот.

Според неофицијални информации, американски воени авиони слетале на аеродромот во Дубровник за да наполнат гориво. Дубровчани се чудат зошто таму точеле гориво воените авиони. Особено што пред неколку дена беа забележани три воени авиони како патролираат над областа Дубровник.