25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Германскиот претседател ненадејно дојде во Киев

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер дојде во ненадејна посета на Киев. Штајнмаер, кој утрово пристигна во Киев со воз, во текот на денот треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова е прва посета на Штајнмаер на Украина откако Русија ја започна својата инвазија на 24 февруари, но негов трет обид да патува во Киев. Штајнмаер пред пет дена го откажа планираното патување во Украина од безбедносни причини.

Германскиот претседател планираше да го посети и Киев со претседателите на Литванија, Полска, Летонија и Естонија во средината на април, но му беше кажано да не доаѓа.

Одлуката на Киев беше донесена поради критиките за врските на Штајнмаер со Русија и поради тоа што како министер за надворешни работи тој ги игнорираше предупредувањата од источноевропските соседи на Германија за заканата од руска агресија. Спорот меѓу украинскиот и германскиот претседател беше решен на почетокот на мај.