20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинскиот министер: Нашиот народ е подготвен да страда оваа зима, верува во победа

Украинскиот народ е подготвен да страда во потенцијална темна и студена зима бидејќи верува во победата на украинската армија над руските окупатори, изјави вчера за „Си-Ен-Ен“ украинскиот министер за инфраструктура, Олександр Кубраков.

„Сите веруваат дека нашата армија победува на бојното поле“, рече Кубраков, „и тие исто така разбираат дека целта на руските напади врз инфраструктурните објекти е да им го отежнат животот на луѓето“.

„Во последните осум месеци нашиот народ покажа дека е подготвен да чека. Ја поддржуваат армијата и се подготвени да страдаат. Ние се бориме за нашата земја“, рече Кубраков.