31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Предупредување за „мигрантско цунами“ во Украина

Украинскиот премиер Денис Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз цивилната инфраструктура на неговата земја.

Шмигал, кој во понеделник треба да учествува на германско-украинскиот економски форум во Берлин, ја обвини Москва дека сака да предизвика „хуманитарна катастрофа во Украина“, според делови од неговото интервју за неделното издание на германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sontagskeitung.

„Ако нема струја или вода во Украина, тоа може да предизвика ново мигрантско цунами“, рече тој.