14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нови напади врз енергетиката, дел од Украина без струја

Украинската компанија за дистрибуција на електрична енергија „Укренерго“ денеска соопшти дека руската армија извршила уште еден ракетен напад чија цел биле енергетски објекти на западот на Украина.

Во пораката објавена на Телеграм, Укренерго „обемот на штетата е споредлив или можеби ги надминува последиците од нападот врз Украина во периодот меѓу 10 и 12 октомври“, објави „Гардијан“.

Се наведува дека тимови електричари почнале да ги поправаат оштетените згради по ракетниот напад, но дека се воведени ограничувања во некои делови на Украина, додека се обидуваат да го вратат редовното снабдување со електрична енергија.

Во моментов има исклучувања во регионите Киев, Чернихив, Черкаси, Житомир, Суми, Харков, Полтава, Дњепропетровск, Запорожје и Кировохрад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 30 отсто од трафостаниците во земјата се уништени како резултат на руското бомбардирање.