20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Денешниот напад на Украина е веројатно најлошиот месецов

Штетата предизвикана од денешните руски ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина може да биде најлошата од било кој напад овој месец. Да потсетиме, руските сили во ноември почнаа да ги напаѓаат украинските електрани, трафостаници и други енергетски објекти со беспилотни летала и проектили.

Украинската државна компанија Укренерго ја спореди штетата од денешните ракетни напади со последиците од нападите од 10 до 12 ноември, кои го намалија капацитетот за производство на електрична енергија на Украина за околу 30 отсто.

– Воведени се ограничувања во снабдувањето со електрична енергија во Киев и низ регионите Киев, Черниг, Черкаси, Житомир, Суми, Харков, Полтава, Днепропетровск, Запорожје и Кировохрад – се наведува во соопштението на Укренерго.

Ограничувањата се неопходни за да се намали оптоварувањето на мрежата и да се избегнат несреќи откако електричната мрежа беше оштетена во терористички ракетни напади – се вели во соопштението.

Укренерго наведува дека поправките на мрежата се одвиваат низ целата земја. Во Миколаив, град на југот на земјата, обновено е снабдувањето со електрична енергија, објави градоначалникот Олександр Сенкејевич.

– Светлата полека се палат во различни делови од градот. Им благодарам на инженерите за посветената работа – напиша тој на Телеграм.

Претходно денеска, претставник од кабинетот на украинскиот претседател Зеленски изјави дека повеќе од 1,5 милиони домаќинства останале без електрична енергија по руските ракетни напади.