17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Киевски институт: Русија предизвика штета од 127 милијарди долари

Киевскиот економски институт денеска објави дека „загубите на Украина поради вооружената агресија на Руската Федерација надминале 127 милијарди долари“, објави веб-страницата prm.ua.

Конкретно, станбениот фонд е оштетен за 50,5 милијарди долари, а само во периодот од јуни до август Русија предизвикала загуби од над 31 милијарда долари, се додава во извештајот.

„Според најновите податоци, оштетени или уништени се 135.800 приватни и станбени објекти. Вкупната површина на оштетени или уништени објекти е 74,1 милиони квадратни метри или 7,3 отсто од станбениот фонд на земјата“, се наведува во извештајот.