Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево време со температура до 28 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во источните делови ќе има и во петок, а во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК