7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради откажување на бубрезите речиси 100 деца починале во Индонезија

Речиси 100 деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годината во Индонезија, соопшти денеска претставник на индонезиското Министерство за здравство.

Неодамна, здравствените власти во Гамбија објавија дека децата починале од акутна бубрежна инсуфициенција откако биле третирани со сируп на база на парацетамол кој се користи за намалување на треската.

Портпаролката на Министерството за здравство, Сити Надја Тармизи, рече дека Министерството идентификувало 189 случаи на акутна бубрежна инсуфициенција кај индонезиските деца, повеќето од нив на возраст под пет години и 99 смртни случаи од почетокот на годината.